Соиното масло е полошо од шеќери и заситени масти

СПОДЕЛИ

Соиното масло е едно од најчесто користените растителни масла кои не морате да ги имате во вашата кујна, бидејќи тоа често е состојка од преработена и конзервирана храна.

Долго време маслото од соја се сметаше за здрав избор, но резултатите од истражувањето, објавени во списанието PLOS One укажуваат на фактот дека истото може да остави последици по здравјето на поединецот и да не поштетно од шеќерите и заситените масти кои на собна температура се во полу тврда состојба, додека маслата, како незаситени масти поради својата структура се во течна агрегатна состојба.

Научниците од Универзитетот во Калифорнија извршиле тестирање на лабораториски глувци давајќи им храна со 40% масти, што количински е слично со она кое го конзумираат повеќето Американци.

Една група добивала заситени масти воглавно од кокосово масло, а другата група е хранета со намирници на база на незаситени масти од соино масло, на кое му е додадено кокосово масло. Втората група конзумирала иста количина незаситени масти која ја конзумира просечен Американец.

Иако резултатите не биле очекувани, глувците од групата која е хранета со храна базирана на соино масло се здебелиле за 9% повеќе, додека 25% повеќе се здебелиле оние кои внесувале кокосово масло.

Глувците кои конзумирале масло од соја имале масти на црниот дроб, и поголема инсулинска резистентност.

Авторот на студијата, Понамџот Деол вели дека е изненаден од резултатите особено поради секојдневните предупредувања упатени на адреса на пациентите додека истите ги продолжуваат своите прехрамбени навики.

Дискусија

Коментари