Сопственикот на Арсенал купи Нобелова Награда

Ова претставува рекордна продажба на ваков медал и за прв пат е продаден од страна на жив сопственик.

Усманов денес изјави дека му ја купил наградата на Вотсон бидејќи не сакал тој да ја продаде и затоа сега повторно ќе му ја врати, заедно со парите кои му се потребни. Усманов ја цени работата на Вотсон, особено поради неговите придонеси во истражувањето на ракот, од кој починал неговиот татко.

„Ситуацијата во која еден извонреден научник мора да си ја продаде наградата за неговите постигнувања, според мене е неприфатлива“, вели Усманов. „Џејмс Вотсон е еден од најдобрите биолози во историјата на човештвото и наградата за откривањето на структурата на ДНК мора да му припаѓа нему. Не би сакал да претставува предмет за продажба“.

Вотсон бил отфрлен од научната заедница поради контроверзни коментари кои вклучуваат расна поделба и интелигенција. Тој го поддржувал селективниот абортус на геј деца, го поддржувал гледиштето дека афроамериканците имат поголеми сексуални потреби и бил принуден да даде оставка во лабораторијата каде што работел откако изјавил дека афроамериканците се помалку интелигентни отколку западњаците. Меѓудругото, бил обвинет дека користи резултати од други научници и бил критикуван за своите политички гледишта.

Во ноември, Вотсон изјавил за „Financial Times“ дека планира да ја искористи продажбата за повторно да навлезе во јавниот живот, а парите ќе ги искористи за да купува уметнички дела, да го надополни својот приход и да донира на образовните институции.

Дел од парите ќе им даде на истражувачките институции кои „го негувале“ и поддржувале, како на пр. Универзитетите во Чикаго, Индијана и Кембриџ каде што била откриена ДНК.

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација