Создаден нов материјал кој ја менува агрегатната состојба

Овој синтетички материјал, сочинет од една милијарда наномагнети, поприма различна агрегатна состојба во зависност од температурата, многу слично како што водата преминува од гасовита, во течна и во цврста состојба.

Класифицирана како метаматеријал – оваа сложена наномагнетна структура, во иднина би можела да биде приспособена за примена во електрониката, како на пример за поефикасен трансфер на податоци, велат истражувачите.

Магнетите се со должина од само 63 нанометри и со форма слична на зрно од ориз. Истражувачите, со помош на високо развиена технологија поставиле една милијарда вакви магнети на рамна подлога, организирани во структура слична на саќе со површина од 5х5 мм.

Истражувачите прво го набљудувале колективното однесувањето на овие магнети на собна температура и забележале дека не постои посебна организиранот на магнетите. Со постепено намалување на темературата забележале повисока организираност, а кога температурата била уште повеќе намалена, настанала уште поголема организираност, при што распоредот на магнетите изгледал како да е смрзнат. На сличен начин се зголемува и организираноста на молекулите во водата кога таа мрзне и преминува во мраз.

Додека преуредувањето на комплексните атомски структури во природните материјали е невозможно прецизно да се направи, во вакви големи размери, истражувачите велат дека овој синтетички метаматеријал може да се преуреди многу лесно. Ова  им овозможува на истражувачите не само да ја менуваат формата и големината на магнетите во материјалот, туку и да го преуредуваат и распоредот на наномагнетите. Со тоа ќе се овозможи создавање на нови состојби на материјалот, што ќе создаде можност за негова поголема примена.

Надежите се дека овој материјал во иднина би можел да се употреби за пренос на податоци, но да се користи и за складирање на податоците, како и за сензорите кои го мерат магнетното поле.

Резултатите од истражувањето се објавени во „Nature Communications“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt