„СпејсЕкс“ сака да ја покрие целата планета со 200 пати побрз интернет

Компанијата „СпејсЕкс“ на големиот претприемач Илон Маск на 15-ти ноември поднесе барање до Комисијата за комуникации на САД за лансирање на 4,425 сателити, за да може да ја покрие планетата со интернет од орбитата.

Според податоците на Унијата на загрижени научници  (Union of Concerned Scientists), во моментов околу Земјата орбитираат 1.419 активни сателити. Се проценува дека во вселената лебдат и уште приближно 2.600 сателити, кои не се во функција, но, планираната флота на „СпејсЕкс“ ќе биде поголема од сѐ што веќе се наоѓа во вселената.

Некои од најголемите телекомуникациски сателити можат да тежат по неколку тона и се со величина колку еден автобус, а орбитираат на фиксна точка, од околу 35.000 км над површината на Земјата.

Според податоците од апликацијата на „СпејсЕкс“, се чини дека овде не се работи за  типични телекомуникациски сателити. Секој од планираните сателити ќе тежи 386 килограми и ќе биде со големина колку еден „MINI Cooper“ автомобил. Ќе орбитираат на височина помеѓу 1.150  и 1.275 километри. Според „СпејсЕкс“, од оваа височина секој сателит може да покрие елипса широка 2.120 километри.

„Системот е дизајниран да обезбеди широкопојасен интернет и комуникациски услуги за станбени, комерцијални, институционални, владини и професионални корисници низ целиот свет” – се наведува во апликацијата.

image

За почеток, „СпејсЕкс“ има намера да испрати 1.600 сателити на една орбитална висина, по што ќе следат уште 2.825 сателити поставени на различни височини.

Откако целосно ќе биде поставен, системот ќе може да обезбеди висок проток (до 1 Gbps по корисник) на широкопојасни услуги за потрошувачите и бизнисите во САД и на глобално ниво.

Брзина од 1 Gbps на глобално ниво е огромна.

Просечната глоблна брзина на интернетот на крајот на 2015 година според извештајот на „Akamai“, била  5,1 Mbps по корисник – или 200 пати поспоро од она што е цел на „СпејсЕкс“.

Според изјавата на Маск за „Вашингтон Пост“ во јуни 2015 година, се проценува дека проектот ќе чини околу 10 милијарди долари. Се нагласува исто така дека „Google“ и  „Fidelity“ имаат вложено една милијарда долари во компанијата на Маск, па може да се претпостави дека ако мрежата почне да функционира и овие компании би имале делумна контрола.

(Матичната компанија на „Google“ – „Alphabet“ исто така прави сопствени напори за емитување на интернет конекција од небото со помош на сателити, балони  и дронови).

Апликацијата доаѓа само два месеца откако ракетата на „СпејсЕкс“ експлодираше при рутинско лансирање. Ракетата го носеше сателитот „AMOS-6 “ вреден 200 милиони долари,  којшто Фејсбук имаше намера да го лиценцира за да може да обезбедува бесплатен интернет за делови од Африка.

Извор: „Business Insider“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,236од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.