„СпејсИкс“ планира мисија на Марс до 2018 година

„СпејсИкс“ објави дека планира да да го испрати леталото „Dragon“ без екипаж на Марс до 2018 година. Ова е првиот чекор од плановите на компанијата еден ден да однесе луѓе на Марс, што е и главната цел на основачот на компанијата Илон Маск уште од основањето на „СпејсИкс“ во 2002 година.

Според компанијата, овие првични тест-мисии ќе покажат каква технологија ќе биде потребна за успешно да се спуштат големи товари на Марс.

Еден од најголемите предизвици поврзани со слетувањето на Марс е фактот дека атмосферата на планетата е многу ретка што претставува пречка при сопирањето.

21424800115_b916921705_k-980x653

За да го спушти 900 килограми тешкиот ровер „Curiosity“ на Марс, НАСА мораше да направи комлициран систем од кранови. „Dragon“ ќе тежи многу повеќе, веројатно околу 6.000 килограми. За да го реши овој проблем, „СпејсИкс“ планира да го користи поусовршеното  летало „Dragon 2“, опремено со осум „SuperDraco“ мотори, за да следа со помош на пропулзија.

21236949258_b9b916f54f_k-980x653

Како што може да се види во видеото подолу, „СпеисИкс“ ја демонстрираше оваа пропулзивна способност, во својот објект за развој на ракети МекГрегор во Тексас, во јануари.

Досега „СпејсИкс“ не открива детали за својот амбициозен план да испрати луѓе на Марс, нешто што НАСА признава дека не може да го изведе до крајот на 2030 година и потребни 100.000 милијарди долари за да го изведе. Оттаму и дозата на скептицизам што се јавува во традиционалната воздухопловна заедница во врска со техничката и финансиската можност за „СпејсИкс“ да го реализира планот за населување на Марс во текот на следните две децении. Но, Маск вели дека човечките мисии на Марс би можеле да започнат до 2025 година.

Основачот на „СпејсИкс“ вети дека ќе открие повеќе детали за плановите на компанијата за мисиите на Марс на годинешната Меѓународна конференција за астронаутика што ќе се одржи од 25 до 30 септември во Гвадалахара, Мексико.

Поддржете ја нашата работа: