Среќата пред 80 години и денес

Вкупно 226 луѓе испратиле писма со одговор, и од нив било побарано да помогнат за пресметувањето на индексот на среќа со рангирање на важноста на десет фактори кои се движат од убавина до безбедност и религија.

Во 2014 година, Сенди МекХух и Професорот Џером Карсон од Британската Психолошка Асоцијација го повториле истражувањето со прашување на луѓето од градот, преку Болтон Вестите. Процесот бил максимално можно идентичен на тој од 1938 година. Потоа се споредувани резултатите од тогаш и сега.

Во 1938 година, безбедноста, знаењето и религијата биле рангирани од страна на испитаниците, како три најважни аспекти на среќа. Во 2014 година, безбедноста сè уште е во врвните три, но добриот хумор и слободното време ги заземаат првите 2 места.

Религијата, од трет најзначаен фактор во 1938 година, падна на десеттото место во 2014 година.

Друга впечатлива разлика е во тоа што во 1938 година поголемиот дел од луѓето изјавиле дека се најсреќни во Болтон, но во 2014 година, 63% рекле дека се посреќни далеку од градот.

Кога станува збор за богатството, во 1938 и во 2014 година, 40% од луѓето веруваат дека е важно за среќа. Во 2014 година, 77% одговориле со „не” на прашањето „Дали сметате дека вашата среќа е директно поврзана со материјалната сопственост и богатството?” Иако сигурноста била високо оценета во 1938 година, богатството само по себе не е.

МекХух вели: „Од писмата во 1938 година се добива впечаток дека факторите за среќа се вкоренети во секојдневниот живот дома и во заедницата. Во 2014 година, вредноста на семејството и пријателите, добриот  хумор и слободното време исто така се високо рангирани.”.

Одговори на прашањето „Што е среќа“ од истражувањата во 1938 и 2014 година.

„Доволно пари за да ги задоволи секојдневните потреби и малку за задоволство”. (1938)

„Да знам дека сметките ми се навремено платени и дека можам да си дозволам да се хранам здраво”. (2014)

„Би сакал мал дом, не многу имот … соодветен и задоволувачки партнер, добра музика и книги”. (1938)

„Ангажирање во моето хоби, поминување на безгрижно време … Едноставни нешта како уживање во убав оброк, размена на грижа и љубов”. (2014)

„Кога ќе дојдам дома од работа и ќе ги видам моите деца и жена, јас сум среќен”. (1938)

„Едноставни нешта како одење на прошетка … Не ви се потребни тони материјални работи за да сте среќни, среќата е во домот и луѓето околу вас“. (2014)

Поддржете ја нашата работа: