Статусот „сингл“ има генетска основа

Можеби се трудите да изградите успешна врска, но никако не оди. Всушност, иако можеби звучи неверојатно, науката вели дека статусот „сингл“ има генетска основа.

Истражувачите од Универзитетот во Пекинг откриле дека луѓето кои имале одредени варијации на генот 5-HTA1 имаат поголема веројатност да бидат сингл во однос на оние кои имале различни варијации на истиот ген. Генот 5-HTA1 има “G” и “C” варијација. Од речиси 600 студенти, кои биле опфатени со истражувањето, 60% од лицата со “G” варијација биле сингл. И претходно научниците веќе знаеа дека “G“ верзијата на генот природно произведува помалку серотонин, кој влијае на расположението и среќата. Сега, заклучокот е дека поради намаленото ниво на серотонин, луѓето со “G” варијанта на генот имаат потешкотии во одржување на односите и зближувањето со другите.

Теоријата на истражувачите гласи вака: „Бидејќи љубовните односи се поврзани со нивото на серотонин во мозокот, анализиравме во која мера полиморфизмот (С-1019G, rs6295) на генот 5-HT1A е поврзан со љубовниот статус кај 579 млади лица. Наодите покажаа дека 50,4% од лицата со генотип CC и 39,0% со генотип CG / GG се во романтична врска. Регресивната анализа покажа дека полиморфизмот C-1019G е значително поврзан со шансите да се биде сингл и пред и по контролата на социоекономскиот статус, надворешниот изглед, религиозниот и родителскиот стил и депресивните симптоми. Овие наоди се прв директен доказ за генетскиот придонес во формирање на романтична врска”.

Тргнувајќи од фактот дека песимизмот и невротичноста се штетни за формирањето, квалитетот и стабилноста на односите, поврзаноста помеѓу алелот G и психичкит  нарушувања може да ги намали шансите за успешен состанок или да доведе распад на романтичната врска.

Бројни истражувања потврдија дека сигурниот стил на врзување и оптимизмот се од суштинско значење во формирањето на романтична врска. Сега знаеме дека и генетските варијации имаат влијание врз романтичните врски.

Иако нашето генетско наследство детерминира одредени однесувања, секогаш имаме избор. Наместо да ја обвинуваме генетиката за сите нешта кои не ни одат од рака, можеби само треба да се потрудиме поуспешно да комуницираме и да излеземе од комфорната зона.

Поддржете ја нашата работа: