СТРАТЕШКИ РАЗВОЈНИ ЦЕЛИ ЗА ЗЕМЈАТА НА НОЕМВРИСКИОТ САМИТ

На овој самит на едно место ќе се соберат врвни експерти, аналитичари и претприемачи од повеќе земји во светот, кои ќе зборуваат за економскиот развој и за напредокот на Македонија. 

 

Почесен говорник на Самитот ќе биде бившиот Премиер на Грузија Ника Гилаури, кој ќе зборува за трансформацијата на Грузија во една од најбрзо растечките европски економии и за реформите кои ги спровел неговиот тим. Ника Гилаури служел како Министер за енергија, Министер за економија, како и Премиер од февруари 2009 до првата половина на 2012 г. Воведува повеќе економски мерки што драстично ја намалуваат корупцијата и ја подобруваат економската состојба при што земјата бележи скок од 103 места според Дуинг Бизнис: од 112 во 2006 на 9 местово 2009 г. Во моментот тој е советник во консултантската куќа МекКинзи и е главен на огранокот на „Bank of Georgia“ во Турција.

 

Со оглед на тоа што Грузија и Македонија претставуваат компаративни примери, оваа земја ќе се најде на економскиот мерен индекс што Македонија2025 го подготвува во изминатиов период.  Целта на мерниот индекс за Македонија е  да се следат неколку економски и развојни индикатори кои ќе служат за мерење на напредокот на нашата земја. Мерниот индекс беше креиран преку дискусии на членовите на МК2025 со Одборите за економски развој на Сингапур, Турција и други земји; во дискусии со поранешниот Премиер на Грузија, Ника Гилаури; и во соработка со консултанти на МекКензи. Индексот користи јавно-достапни податоци и ги вклучува четирите стратешки приоритети кон кои ќе се стреми работењето на МК2025 во иднина, како и иницијативите кои можат да ги превземат владините институции, политичките партии, бизнисите и академската сфера.

Одборот на директори има за цел да ги крене на повисоко ниво стратешките приоритети и да ја прошири дефиницијата на паролата „Градиме посилна нација“. Според тоа, додадовме петта точка во нашиот мандат која гласи: „Да се одржува и да напредува дискусијата во однос на Мерниот индекс кој ќе следи како напредува економскиот развој и квалитетот на животот во Република Македонија“. За мерниот индекс ќе се дискутира за време на Самитот, а неговата сумирана верзија е достапна на веб страната на www.macedonia2025.com

Поддржете ја нашата работа: