Суперкомпјутери ќе ја предвидуваат климата

Научниците користеле верзија 5.1 од атмосферскиот модел (CAM), кој бил развиен за научни цели од страна на Одделот за енергија и Националната научна фондација. Тие спровеле анализа за периодот од 1979-2005 на три просторни резолуции: 25 км, 100 км и 200 км и потоа резултатите ги споредиле со опсервациите. Една симулација генерирала 100 терабајти податоци, или 100 000 гигабајти. Анализата била спроведена во националниот истражувачки научен компјутерски центар на лабораторијата Беркли.

Моделот со висока резолуција бил особено корисен во планинските предели со тоа што го зема просекот од височината (25 км за висока резолуција, 200 км за ниска) и обезбедува подобра симулација на дожд и снег.

„Моделот со висока резолуција е пореален, создава посилни бури слични на реалните. Во моделите со ниска резолуција, ураганите беа поретки“, вели Мајкл Винер, еден од научниците.

Винер вели дека моделите со висока резолуција ќе им помогнат на научниците да дознаат како климатските промени ќе влијаат на бурите.

„Затоплувањето на земјата ќе предизвика суша во некои области, а во други пак повеќе врнежи и бури. Едно е да го знаеме сето ова, а друго е да имаме сигурна изјава за тоа каде ќе се случи и колку многу“

Неговиот нареден проект ќе биде модел за облаците со што научниците ќе можат да прават модели на климата со 1 км резолуција. „Моделот на облаците може да ги намали несигурностите во моделите на климата, преку подобрување на начинот на кој ги третираме облаците. „Тоа ќе биде огромна промена за моделите на климата“.

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk. Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни!

Поддржете ја нашата работа: