Кога организмот на планктонот е нарушен, произведува светлина во својата цитоплазма – супстанција слична на гел во неговите клетки.
Ова привлече голем број на посетители, но научниците предупредуваат дека тоа е знак за климатски промени.
До 1994 година, овој вид на планктон не бил забележан во Тасманија. Но, поради глобалното затоплување водната струја е се посилна околу источна Австралија, при што носи топла вода на југ кон Тасманиа. Како што океанот се загрева, водата е доволно топла за „Noctiluca“ да преживее. Но, покрај тоа, овој планктон има и поголемо директно влијание, бидејќи се храни од дијатомеите (силикатни алги). Па, кога е застапен во вакви огромни количини може да ги лиши останатите организми од храна и кислород, што би довело да смрт.
„Noctiluca е чудесен и забавен вид на организам, но исто така е и злогласен убиец на рибите. Останува да го видиме исходот од сето ова“, истакнуваат научниците.