Тајната мисија на мистериозниот вселенски авион

На 20 мај 2015 година, војската на САД го лансираше во орбитата на Земјата роботскиот вселенски авион „X-37B“ на четвртата  по ред тајна мисија. И сега, после повеќе од 500 дена, ова беспилотно летало што се напојува од соларна енергија сѐ уште е таму, без никаква најава уште колку ќе остане во орбитата, или за што служи, со што повторно ги поттикнува теориите на заговор што го следеа во претходните мисии.

Дали се работи за шпионски сателит во земјината атмосфера? Дали ги попречува сигналите од другите сателите, дали е дел од истражувањата на Пентагон во областа на беспилотните оружја, или е таму за да може цело време да  ја „држи на око“ кинеската вселенска станица – може само да се претпоставува. Но, она што е познато за овие 500 дена е дека носи неколку видови на товар, од кои некои се идентификувани.

Носи два прототип уреди на електричен погон од Воздухопловните сили и од приватната компанија за воздушна одбрана „Aerojet Rocketdyne“, како и повеќе од 100 различни примероци на материјали како дел од истрагата на НАСА која има за цел да тестира како реагираат одредени материјали во вселената.

Првата ваква мисија на воздухопловните сили, наречена – мисијата OTV-4 (Orbital Test Vehicle-4) започна во април 2010 година и речиси веднаш предизвика сомневања во јавноста.

Работите се влошија кога неколку набљудувачи – аматери објавија дека вселенскиот авион ја прелетува истата област на земјата секои четири дена.

„Во интервјуата и изјавите, челниците на Пентагон цврсто негираат дека авионот има врска со било какво вселенско оружје, иако признаваат дека  крајната негова цел е да им помага на домашните војници при разни мисии“ – пишуваше „New York Times“, во мај 2010 година.

Воздухопловните сили одговорија нејасно, изјавувајќи дека тајната мисија „нема офанзивни способности“, туку дека „програмата поддржува намалување на технолошкиот ризик, експериментирање и развој на оперативниот план“.

Втората „OTV-4“ мисија започна на 5 март 2011 година  и помина 468 дена во орбитата. Третата мисија „X-37B“ беше во орбитата речиси 675 дена, а сегашната мисија можно е да остане уште подолго.

090602-x-37b-space-plane-02

Според Воздухопловните сили, првите три „OTV-4“ мисии поминале вкупно 1.367 дена во орбитата и успешно ја демонстрирале нивната технологија за повеќекратни летови, влегување и слетување. Секако, мора да се признае дека она што навистина очајно ни треба, ако сакаме да ги истражуваме површините на другите планети, тоа се солидни техники за автоматско слетување.

А, доколку навистина ја шпиунирал „избеганата“ кинеска  вселенска лабораторија  „Тиангонг-2“, можеби ќе може да ни открие каде ќе паднат нејзините делови откако ќе согори во атмосферата.

Поддржете ја нашата работа: