Уште со самото спуштање на површината на Марс од пред две година,теренецот Curiosity се соочува со проблеми со тркалата.
Во мисијата беше предвидено дека ќе има одредени помали оштетувања на тркалата.Но кога на 411 ден од слетувањето се појави дупка на тркалото не можеше да се претпостави колкаво е всушност оштетувањето,додека на 463 ден не се појавил огромен процеп.Тестирањето спроведено на Земјата открило дека е направена двојна штета.
Прво-тркалата (кои се направени од тенок метал) биле подложени на saмор на материјалот (тоа е истот оној механизам кој предизвикува кршење на спајалицата ако се превиткува неколку пати).На Марс,тркалата на Curiosity преминуваат преку површина со многу цврсти камења,на својот пат до Оштрата планина(Mount Sharp) кој е централниот врв на Gala кратерот на Марс.При тоа тенкиот метал од тркалата постојано се превиткува и со време се кине.
Второ-во мисијата не ја предвиделе точната природа на карпите на и околу местото на слетувањето на Curiosity и на патот до таканаречената “Оштра планина“.Таа област има многу карпи во облик на пирамида со врвот свртен кон површината и цврстоп вкопани во тлото.
Излегува дека има механички аспекти оврзани со системот за движење кој ги набива тркалата во оштрите карпи.Едно тркало може да ја издржи силата на притисок од една шестина од тежината на теренецот со која притиска врз карпите,но неможе да ја издржи тежината на теренецо плус силата која ја додаваат другите пет тркала кога едното тркало ќе се набие на шилеста карпа.
Оштетувањата на тркалата ќе ја забават мисијата ,а со тоа и постигнувањата што се очекуваат од Curiosity,со оглед на тоа дека ќе се намали површината на која теренецот ќе може да ја истражува.
Проблемите што Curiosity теренецот ги има се земени во обзир многу сериозно за наредниот теренец што на Марс се планира да се испрати во 2020 година.