UPS вчера од Тесла нарача 125 од нивните нови, комплетно електрични камиони, со што компанијата ја доби досега најголемата преднарачка за својот нов камион. Од UPS велат дека камионите се приклучуваат кон нивната голема флота на возила, напојувани со алтернативни горива и напредни технологии.
UPS моментално има повеќе од 8.500 возила ширум светот, а во Америка тие се познати како приватна компанија со најмногу возила напојувани со алтернативни горива.
Оваа нарачка доаѓа после најавите на UPS, дека ќе направат сé за да го намалат загадувањето од штетните емисии на гас. Планот на компанијата е да се намали емисијата на штетни гасови до 2015та година за 12 отсто. Дотогаш тие исто така сакаат да имаат 25 проценти од своите електрични возила во нивната флота.
UPS не објави колку точно биле платени камионите на Тесла, но со оглед на цената на претходна нарачка од 20.000 долари, се проценува дека UPS ќе плати околу 2,5 милиони долари. Конечната цена на камионот Тесла треба да биде помеѓу 80.000 и 150.000 долари. Минатата недела “Пепси” нарача сто камиони Тесла, па вкупната бројка, ако се пребројани и останатите нарачки, се искачува на вкупно 400 камиони.
Камионот на Тесла ќе почне да се произведува дури од 2019та година. Веќе по преднарачката на “Пепси” минатата недела, акциите на Тесла скокнаа за 2,28 проценти, на вкупна вредност од 336,93 долари. Поради претходна нарачка на UPS , акциите на Tесла скокнаа за дополнителни 0,51 отсто, на вкупно 340,60 долари.