На пазарот се појавија торби, актовки и ранци кои можат да сопрат куршум или да послужат како одбрана од напад со нож.
Британска компанија „Terrapin Technology“ пушти во продажба торби за кои велат дека штитат од шрапнели и дека се покорисни дури и од „полиса за животно осигурување“.
Колекцијата настанала заради турбулентните настани со кои се соочува Европа во последните десет години и големиот број на терористички напади.
Директорот и изумител Џон Синклер изјавил: „ На оваа идеја дојдов кога патував со подземна железница во Лондон 2014 година .Во мојот дел се случи помал инцидент, но за среќа полицијата успешно го реши. После тоа почнав да размислувам како би можел да се заштитам себе си и другите од ваков вид на закана.
За жал, веќе се случија многу напади во Европа од 2014 година, па жалиме што нашите изуми не се појавија порано на пазарот. Се надеваме и дека нашите производи нема да се користат само за заштита, туку дека ќе бидат дел од вашиот вообичаен багаж, кој во некои ситуации би можел да ви го спаси животот“.
Торбите се тестирани на Универзитетот Кранфилд и ги исполнуваат сите стандарди за безбедност. Компанијата ги нуди и на фирмите кои сакаат да ги заштитат своите вработени. Торбите обезбедуваат слична заштита како елеците отпорни на куршуми.
„Луѓето кои ги купија прво беа скептични, но пријатно се изненадија кога сфатија дека не се разликуваат од останатиот багаж“ – вели Синклер.
Торбите наскоро ќе се може да се купат во продавниците и на интернет, а цената ќе биде околу 234 фунти за ранец и 500 фунти за лаптоп торба.