Трансплантирани матични клетки против епилепсија


Научниците од болницата Меклин и Институтот за матични клетки на Харвард дошле до овие докази преку трансплантирање на неврони од човечки ембрионални матични клетки во мозокот на глувци со епилепсија. Половина од глувците кај кои биле трансплантирани невроните повеќе не добивале напади, додека кај останатата половина нападите биле поретки.

„По трансплантацијата, забележавме дека човечките неврони се интегрираат во епилептичниот мозок“, вели Сагми Чанг, невробиолог во лабораторијата на Меклин и помошник-професор на медицинскиот факултет Харвард.

„Трансплантираните неврони добиваат нервен стимул од невроните на домаќинот и како резултат на тоа генерираат инхибиторни одговори кои ја поништуваат наелектризираната хиперактивност што предизвикува напади“


Се трансплантираат само оние неврони за кои е познато дека ги инхибираат нападите (интерневрони) бидејќи ембрионалните матични клетки можат да диференцираат во многу различни видови на клетки. Научниците сега развиваат посебен метод за конкретно да ги изолираат интерневроните.

Повеќе од 65 милиони луѓе во светот добиваат епилептични напади, кои може да предизвикаат грчење, губење на свеста и др. невролошки симптоми. Точната причина за оваа состојба не е позната, меѓутоа се претпоставува дека има некаква врска со намалениот број на интерневрони. Повеќето од нив се лечат со лекови против напади, но на околу една третина од нив лековите не делуваат.

Поддржете ја нашата работа: