Една нова студија од истражувачите од Универзитетот во Аризона покажува дека трчањето може да влијае на структурата и функцијата на умот – активноста всушност може да ги зајакне врските помеѓу мозочните региони. Истражувачите исто така, сметаат дека оваа студија е значајна бидејќи ги покажува бенефициите за младите луѓе, додека повеќето истражувања се фокусираат на придобивките на мозокот од трчањето кај постарите возрасни лица.
Во споредба со поединците кои не вежбаат, оние кои трчале покажале поголема функционална поврзаност во рамките на неколку области на мозокот, вклучувајќи го и фронталниот кортекс. Овој регион е важен за планирање, донесување на одлуки и способноста да го поделиме нашето внимание на повеќе задачи.
Истражувачите правеле споредба на скенирањата на мозокот од младите трчачи во земјата со оние на младите луѓе кои не се вклучуваат во редовна физичка активност. Учесниците биле приближно на истата возраст, 18 до 25 години, со споредлив индекс на телесна маса и образовни нивоа.
Скенирањата од магнетна резонанца ја покажале функционалната поврзаност за време на одмор на учесниците, што е она што се случува во внатрешноста на мозокот кога една личност е будна, но во фаза на одмор, и не се ангажира во било каква специфична задача.
„Една од работите која доведе до оваа соработка е тоа дека имаше неодамнешно зголемување на бројот на студии, за последниве 15 години, кои покажуваат дека физичката активност и вежбањето може да имаат позитивно влијание на мозокот, но повеќето од тие студии се за постари возразни лица“- вели во соопштението Дејвид Рејчленд, ко-креатор на студијата.
Според изјавата, овие наоди може да помогнат да се постават темелите за идните истражувања за подобро да се разбере како вежбањето влијае на мозокот, особено кај младите луѓе.