Третирање на епилепсијата со музика

Но, може ли музиката да помогне да се спречат нападите кај луѓето со епилепсија?
Сега, кога научниците открија дека мозокот кај луѓето со епилепсија ја процесира музиката на различен начин од луѓето без оваа состојба, ова може да биде реална можност.

Новото истражување покажало дека кога луѓето со епилепсија слушаат класична и џез музика, нивните мозочните бранови се синхронизираат со музиката.

Како и кај музичарите чии мозоци се синхронизираат со музиката, кај лицата со епилепсија, синхронизацијата настанува во темпоралниот лобус каде што започнуваат и мнозинството од нападите“- вели Кристин Черитон, невролог од Државниот Универзитет во Охајо и еден од авторите на истражувањето.

Темпоралниот лобус, дел од мозокот што се наоѓа над ушите каде што се препознава звукот, e вклучен и во процесирањето на музиката и во епилепсијата. Приближно, околу 80 проценти од нападите потекнуваат од овој дел од мозокот.

Кај лицата со епилепсија постои тенденција за појава на абнормалности во темпоралниот и фронталниот кортекс во мозокот, како и абнормална синхронизација на активноста на мозочните бранови.

Во текот на истражувањето, невролозите со помош на електроенцефалограф (ЕЕГ) ги снимале движењата на мозочните бранови кај лица со и без епилепсија.

Активноста на мозочните бранови кај учесниците била снимана во период на потполна тишина и кога слушале класична музика (Моцартовата „Соната за две пијана во Д-дур“) и џез музика („Моите омилени нешта“ од  Џон Колтрејн).

Лицата со епилепсија имале особено висока активност на мозочните бранови додека ги слушале и двете изведби – и класичната и џез композиција. Но, не само што била зголемена активноста на мозочните бранови, туку и електричните бранови во темпоралниот лобус кај учесниците со епилепсија биле синхронизирани со музиката. Ова не било забележано кај учесниците кои немале епилепсија.

Ваквата поздрава, наместо патолошка синхронизација може да им помогне на лицата со епилепсија и може да спречи појава на напади“- вели Черитон.

Иако е малку веројатно дека музиката некогаш ќе може да ги замени традиционалните третмани за епилепсија, терапијата со музика би можела потенцијално да се искористи во комбинација со постоечките третмани. Засега, слушањето на релаксирачка музика може да им биде од корист на лицата со епилепсија, бидејќи со релаксацијата се намалува стресот кој предизвикува појава на напади.

Наодите биле презентирани на годишната конвенција на Американската асоцојација на психолози во Торонто.  


Поддржете ја нашата работа: