Цигарите – причина или последица на шизофренијата?

Одамна е познато дека луѓето кои страдаат од психоза имаат тенденција да пушат повеќе од поголемиот дел од населението, но се претпоставува дека тоа е еден вид само-терапија.

Психозата е многу вознемирувачки работа – слушање на гласови, илузии, па лицата најчесто пушат надевајќи се дека тоа ќе им помогне со симптомите, нарушениот процес на размислување и најверојатно ќе се спротивстават на несаканите ефекти на антипсихотични лекови”, вели д-р Џејмс МекКејб од Институтот Кинг за психијатрија, психологија и невронски мрежи.

Но, една анализа на голем број на студии за пушење тутун и психоза, објавена во списанието „The Lancet Psychiatry“, покажува дека пушењето може да биде причинител.

Истражувачите откриле дека секојдневните пушачи имале зголемен ризик од психоза. Повеќе од половина, 57% од лицата кои пристигнуваат во институциите за ментално здравје со прва психотична епизода, биле пушачи, што е речиси три пати повеќе од просекот на популацијата. Пушачите доживуваат психоза една година порано од непушачите.

„Не можеме да кажеме дека имаме доказ дека пушењето на цигари предизвикува шизофренија”, изјави Сер Робин Муреј, професор по психијатриски истражувања на институтот Кинг. Навистина е многу тешко да се каже дека некој посебен фактор предизвикува шизофренија. Слично како и кај срцевите заболувања – постојат голем број на ризик фактори. Наследувате предиспозициии … и во текот на животот се изложувате на разни нешта кои го зголемуваат ризикот.

Сепак, постојат биолошки веродостојни причини зошто пушењето може да биде поврзано со психозата.

Вишокот допамин е најдоброто биолошко објаснување кое го имаме за психотичните болести како шизофренија. Можно е изложеноста на никотин, со зголемувањето на ослободувањето на допамин, да предизвикува психозата да се развива. Голем број на други супстанци може да го стимулираат производството на допамин, вклучувајќи амфетамини, кокаин и канабис.

Исто така, постојат генетски индиции. Познато е дека мал број на ДНК секвенци (наречени SNPs) се вмешани во шизофренијата и пушењето.

Наодите укажуваат на тоа дека пушењето треба да се сфати сериозно како можен ризик фактор за развој на психоза, а не едноставно како последица.

Факт е дека е многу тешко да се докаже причинско –последичната врска е без рандомизирана студија, но авторите нагласуваат дека овие резултати воопшто не се за потценување.

Поддржете ја нашата работа: