Црната материја можеби е галактички транспортен систем

 

Но има уште , објаснува Паоло Салуци, астрофизичар од Интернационалната школа за напредни студии (или SISSA) од Трст и експерт за црната материја. „Според нашите пресметки, ние би можеле да патуваме низ тие тунели, исто како што е прикажано во научно-фантастичниот филм „Интерстелар“ (Interstellar).“

Иако тунелите простор-време (или „wormholes“ (црвоточини), или Ајнштајн-Пенроуз мостови) стекнаа голема популарност благодарение на научно-фантастичниот филм на Кристофер Нолан, тиемногу години се фокусот на интерес на астрофизичарите.


„Ние не тврдиме дека нашата галаксија е „wormhole“, туку едноставно дека таа хипотеза, според теоретскиот модел е возможна. Дали некогаш може да биде експериментално тестирана? Во принцип, би можеле да ја тестираме споредувајќи две галаксии – нашата и некоја што е многу блиску на пр. Магелановиот Облак (Magellanic Cloud), но ние сме се’ уште многу далеку од можноста да направиме таква споредба“

За да стигнат до нивните заклучоци, астрофизичарите ја комбинирале равенката на општата релативност со исклучително деталната мапа од распореденоста на црната материја во Млечниот Пат , добиена во истражувањето спроведено во 2013 година.

Како што нагласува Салуци – астрофизичарите долго време се обидуваат да ја објаснат црната натерија преку хипотезата за постоење на одредена честичка – неутралино – која сепак досега не е откриена од ЦЕРН или пак забележана во универзумот. Но, постојат и алтернативни теории кои не се засновани на постоењето на оваа честичка и „можеби е време научниците да ги разгледаат посериозно“ – заклучува Салуци. „Црната материја можеби е „друга димензија“, можеби дури и огромен галактички транспортен систем. Во секој случај , ние треба да почнеме да се прашуваме што навистина е.

Поддржете ја нашата работа: