Уличните светла како батерија

БМВ се надева дека ќе го промени тоа со поставување на станици за полнење врз постоечкото улично осветлување.
Проектот е најавен минатата година, а демонстриран на годишниот настан за ниска употреба на јаглерод минатата недела во Оксфорд, Велика Британија. Се нарекува „Светлина и полнење”, два прототипа веќе се поставени, а од компанијата се надеваат дека наскоро ќе започне комерцијалната употреба.

„Лесна инфраструктура за полнење е од суштинско значење ако сакаме да видиме повеќе електрични возила на патиштата во нашите градови во иднина”, изјави Питер Швајценбауер, член на Управниот одбор на БМВ.

Целта е електричните пумпи за полнење да бидат побројни и подостапни дури и од бензинските пумпи, овозможувајќи ви да го наполните вашиот автомобил еднакво лесно како да пазарувате.

Наместо инсталација на нови индивидуални станици за полнење во градовите, системот „Светлина и Полнење“ работи со интегрирање на енергетски ефикасни LED светла со технологијата „ChargeNow“ на БМВ, која може да се монтира врз тековните системи за осветлување. Клиентите, тогаш ќе бидат во можност да платат за електричната енергија преку контролниот панел за кредитни картички.

БМВ, исто така, ги истражува опциите за плаќање преку апликација на вашиот мобилен телефон.

Во прилог на ова, новите станици ќе бидат во можност за напојување на секаков вид на електрични автомобили, без оглед на нивната марка или модел.


НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,234од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.