Уметникот кој го виде Плутон пред НАСА

Доколку сте прочитале некоја книга од Исак Асимов и Артур Кларк, ќе сакате да знаете дека кориците се насликани токму од Харли. Покрај тоа, познат е по соработката со Сер Патрик Мур и по создавањето на вселенските бродови за „Doctor Who“ и „the Daleks“. Неговата уметност се наоѓа во позадина на свирките на „Pink Floyd“, а дел од неговите слики поседуваат „the Rolling Stones“ и „Queen“.

Вселенската уметност (или астрономска уметност) е уметничко движење исто како модернизмот или импресионизмот. Дел од нејзините пионери се американскиот уметник Чесли Бонетел кој го насликал она што го видел во телескоп и францускиот астроном-уметник Лусијен Родо кој направи атлас на Млечниот Пат и неверојатно точни слики на Марс во 1920-тите и 1930-тите години. Заедно, тие се познати како Татковци на модерната вселенска уметност.

„Вселенската уметност не треба да се меша со научната фантастика или фантазијата. Научната фантастика се заснова на фантазијата, а за вселенската уметност ви е потребно познавање на хемија, физика, астрономија и вулканологија“, објаснува Харди. На 7 ноември, тој отвори нова изложба наречена „Визии на вселената“, заедно со 19 колеги уметници, која се одржува во музејот „Wells & Mendip“ во Сомерсет, од 7 до 21 ноември.

Харди вели дека најголемиот предизвик се деталите; мора да се погоди бојата на атмосферата, видот на карпи и сл. Мора да се замисли како да е на површината на планетата и да ја наслика исто онака како што би изгледала доколку ја фотографира. Вели дека никогаш не направил грешка во неговата уметност. Неодамна му беше доделена награда за „одржлив квалитет на вселенската историја“ од страна на Американското астрономско друштво.

Неодамна, тој се изненадил кога ги видел сликите од Плутон и Харон, направени од телескопот „Нови Хоризонти“ на НАСА. Тие биле исти како и неговите цртежи од 1991 година. Вели дека едноставно погодувал и претпоставувал како планетата би изгледала и успешно ја насликал.

Оргиналната статија е објавена во „The Guardian“.

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација