Уред со кој ќе зборувате на телефон само со ставање на прстот на уво (видео)

„Sgnl“ е паметна нараквица која ќе ви овозможи  да се јавите на телефон само со ставање на прстот на уво.

Имено, во овој гаџет се наоѓа микрофон кој со  „Bluetooth“  се поврзува со паметен телефон.

Микрофонот е дизајниран да го пренесува звукот од зглобот, преку дланката и прстот диектно до увото.

Со оваа нараквица кога ќе ви заѕвони, не мора да го вадите телефонот од џеб. Едноставно го ставате прстот на увото и разговарате преку микрофонот.

Foto: Promo

Кога ќе го ставите прстот на увото, тој не само што го пренесува звукот, туку ја блокира и вревата од  околината во која се наоѓате, па ќе може многу јасно да го слушнете гласот од телефонот, без тоа да го слушаат луѓето околу вас.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.