Ван Гог во 3Д

Ова 3Д верзија на ремек-делото на Винсент Ван Гог е многу блиску до тоа, особено ако се гледа со специјална опрема за виртуелна реалност.

Аниматорот Мекензи Коли од Бруклин, Њујорк, го трансформирал познатото ремек-дело на Винсент Ван Гог, сликата „The Night Café“ во 3Д средина и анимирал одредени делови од уметничкото дело – како на пример, околу светлата има замаглени хипнотички ефекти, а човек што личи на самиот Ван Гог, опуштено пуши луле.

Оваа виртуелна диорама била направена преку прецизно раздвојување на одделни делови од оригиналната слика, а потоа дигитализирана со помош на 3Д софтвер. За пополнување на деловите од собата што не биле видливи во оригиналната 2Д-верзија, додадени се уште неколку делови, како на пример пијанист кој свири на пијано во близина на барот.

Делото на холандскиот импресионист било идеално за 3Д ремоделирање, тврди Коли. „И покрај тоа што делото на Ван Гог е насликано на 2Д платно, вие можете скоро да замислите дека се наоѓате на тие места“- вели тој.

Оваа прерaботена слика, неодамна била доставена на натпревaр за нови иновативни начини за користење на виртуелната реалност.  

Поддржете ја нашата работа: