Вечерва покрај Земјата ќе помине една комета на прилично мала оддалеченост. Кометата наречена „P/2016 BA14“ ќе помине на оддалеченост од само 3,5 милиони километри, што ја прави третата најблиска комета во историјата.
Нема потреба за загриженост, бидејќи не постои никаков ризик за удар, со оглед на тоа што ова растојание е сепак големо, или околу 9 пати подалеку од Месечината, но сепак ќе овозможи прилично спектакуларна глетка, како и шанса за научен напредок во проучувањето на кометите.
Вчера (21 март) покрај Земјата прелета уште една поголема комета, наречена „252P/LINEAR“, на оддалеченост од 5,2 милиони километри. Кометата е многу светла што научниците сметаат дека во нејзината најблиска точка до Земјата можела да се види на небото со голо око, но само од Јужната хемисфера.
Интересно е тоа што научниците се’ уште не знаат дали овие комети се поврзани. Како што можете да забележите на фотографијата подолу, нивните орбити се доволно слични за научниците да помислат дека некако се поврзани. Водечката хипотеза вели дека „P/2016 BA14“ (помалата комета) е фрагмент кој се одделил од поголемата.
„P/2016 BA14“ вечерва ќе прелета покрај Земјата и преносот во живо ќе може да го проследите во 9.30 часот на следниов линк.