Вегетаријанската исхрана предизвикува рак?

Вегетаријанската исхрана предизвикува рак беше насловот за најновата студија на Универзитетот Корнел кој го спинуваа некои медиуми, а го пренесоа многу други светски медиуми и интернет портали, при што истиот стана вирален и предизвика бурни реакции и дебати во светот.

Според истражувачите предводени од научниците од Универзитетот Корнел, културите кои строго се придржуваат кон вегетаријанскиот начин на исхрана, генерациски развиле уникатна генетска мутација со која се изложени на зголемен ризик од срцеви заболувања и рак на дебелото црево.

Иако на прв поглед изгледа малку чудно тоа што вегетеријанскиот начин на исхрана може да се поврзе со една ваква можност, бидејќи за истиот постојат повеќе други истражувања кои покажуваат дека има големи здравствени придобивки посебно кај некои видови на рак, сепак ова истражување само го потврдува фактот дека науката се’ уште нема доволно податоци за процесите во човековото тело и дека секој екстрем може да предизвика негативни последици.


kothapalliНаучниците поради појаснување на работите дополнително изјавија „Нашиот труд треба да укаже на можната ранливост од хронична болест на лица кои потекнуваат од лоза на традиционалните вегетаријански семејства и кога се заменува традиционалната вегетаријанска храна со масла за готвење кои се сега достапни на пазарот и се употребуваат од вегетаријанците. Тоа не укажува дека сета вегетаријанска исхрана е нездрава; напротив, тоа укажува дека традиционалните јадења се многу поздрави“.

Затоа сите заинтересирани за проблематикава треба добро да ги прочитаат истражувањата пред да донесат било какви заклучоци, иако нашиот став е дека со ништо не треба да се претерува и дека организмот треба да се храни со што е можно поразновидна органска храна со регионално потекло.

Масните киселини служат како градивни елементи за мастите во нашето тело и играат важна улога при складирањето на енергијата за растот и обновата на клетките. Според Европскиот Совет за храна, човековото тело може да ги создава сите неопходни масни киселини, освен две: омега-6 и омега-3. Овие киселини ги добиваме преку храната.

omega3-omega6-ratio

Претворањето на растенијата во масни киселини е комплициран метаболички процес. Кога животните јадат растенија, нивниот организам ги метаболизира хранливите материи во масни киселини, кои ние ги апсорбираме преку јадењето на животинска храна. Од друга страна, вегетаријанците мора сами да поминат низ овој процес, односно да ги метаболизираат масните киселини директно од растителната храна.

Омега-6 и омега-3 масните киселини во телото се разложуваат со помош на ензимите „FADS1“ и „FADS2“, за да можат да се искористат за развој на мозокот и за контрола на воспаленијата. Во своето истражување, научниците идентификувале мутација „rs66698963“ во генот одговорен за експресија на „FADS1“ и „FADS2“ .Оваа мутација која се карактеризира со дополнителни базни парови предизвикува зголемена продукција на овие два  ензима, за да се подобри способноста за создавање на масните киселини од растенијата.

stekИстражувачите ги разгледувале овие варијации кај 234 вегетаријанци – домородни Индијанци и 311 Американци кои јаделе месо (најмногу од Канзас). Наодите покажале дака ваква мутација постои кај 68 проценти од Индијанците, но само кај 18 проценти од Американците, што било логично, со оглед на тоа дека групата Индијанци што учествувале во истражувањето се хранат вегетаријански со илјадници години. Користејќи ги податоците од Проектот „1000 Genome“, научниците откриле дека вакви мутации има кај 70 проценти од  населението во Јужна Азија, 53 проценти од Африканците, 29 проценти во Источна Азија и 17 проценти од Европејците.

Иако оваа мутација им помага на вегетаријанците да ги продуцираат неопходните масни киселини, таа е исто така поврзана и со одредени здравствени ризици. Во телото, омега 3- масните киселини постојано се „натпреваруваат“ со омега 6,  за да се метаболизираат. Ако во исхраната има многу омега – 6 масни киселини, тоа може да ги намали омега -3 киселините кои може да се метаболизираат, а овој специфичен дисбаланс е поврзан со зголемен ризик од срцеви заболувања и рак на дебелото црево.

Сепак, научниците велат дека постои едноставен начин со кој може да се избегнат овие здравствени ризици:

„ОНИЕ ЧИИ ПРЕДЦИ БИЛЕ ВЕГЕТАРИЈАНЦИ МОЖЕ ДА БИДАТ СОСЕМА ВО РЕД, ДОКОЛКУ ИЗБЕГНУВААТ ОДРЕДЕНА ВЕГЕТАРИЈАНСКА ХРАНА КОЈА Е БОГАТА СО ОМЕГА 6 МАСНИ КИСЕЛИНИ, ОСОБЕНО РАСТИТЕЛНИТЕ МАСЛА ЗА ЈАДЕЊЕ. ОПШТО, ВЕГЕТАРИЈАНЦИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАЛИЗИРАНИТЕ ЗЕМЈИ ИМААТ ТЕНДЕНЦИЈА МНОГУ ДА КОРИСТАТ РАСТИТЕЛНИ МАСЛА, КОИ СЕ БОГАТИ СО ОМЕГА- 6 МАСНИ КИСЕЛИНИ ШТО МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО БОЛЕСТИ ПОВРЗАНИ СО ВОСПАЛИТЕЛНИ ПРОЦЕСИ“- ВЕЛИ Д-Р. АЛОН КЕИНАН, ЕДЕН ОД АВТОРИТЕ НА СТУДИЈАТА.

Истражувачите откриле спротивен вид на мутација кај Инуитите од Гренланд, чија што исхрана главно се состои од риба и други морски животни. Наместо дополнителни делови, кај оваа мутација има недостаток на дел во ДНК. Тоа овозможува населението да не конзумира премногу омега-3 масни киселини кои ги има многу во рибите, бидејќи големи количини може да предизвикаат здравствени проблеми како што колитис и други имунолошки нарушувања.

Alaskan Native Eskimo woman & fish drying rack Kotzebue/nAlaska Summer Fur parka
Alaskan Native Eskimo woman & fish drying rack Kotzebue/nAlaska Summer Fur parka

Оваа студија е уште еден пример за тоа како навиките во исхраната можат да доведат до промени во геномот. Една од најзабележителните мутации поврзани со начинот на исхрана е способноста на човекот да го дигестира млекото. Сите луѓе се раѓаат со способност да ги разложуваат ензимите од млекото, но кај повеќето луѓе оваа способност згасува кога ќе навлезат во полнолетство. Сепак, генетската мутација што им овозможува на некои луѓе и понатака да пијат е честа кај модерните Европјани и оние кои имаат европски предци.

Според Универзитетот Беркли, околу 10 проценти од Американците се нетолерантни на лактоза, во споредба со Кинезите каде 99 проценти се нетолерантни на лактоза. Ова е така затоа што потребата од ген кој овозможува толеранција на лактоза најмногу им користела на оние култури кои имале домашни животни кои даваат млеко и ги користеле за исхрана и за добивање млеко за јадење.

Поддржете ја нашата работа: