Тешко е да се замислат посурови услови од оние во пустината Сахара. Француската архитектонска фирма „OXO“ смета дека тоа е идеалното место за футуристичка кула. Тие размислуваат за создавање на вертикален град во пустината.
Т.н. „Sand City Tower“ ќе вклучува станови, канцеларии, музеи, библиотеки, спортски сали, базени, како и метеоролошка опсерваторија која ќе ги следи условите во пустината. Архитектите планираат да направат и вертикална градина. Целта е да се создаде зелен екосистем погоден за живот внатре во кулата, што инаку би било невозможно во средината на Сахара.
Поддржете ја нашата работа: