Комарците од родот „Culex“ се упорни и со исклучително болен убод. Најактавни се во текот на ноќта. Летањето не им е јака страна, така што не одат многу далеку од местото каде што се извеле, но може да ги видите во вашиот дом. Го шират вирусот наречен „Западен Нил“. Преферираат птици. Најзастапени претставници на родот „Culex“ се комарците „В. Pipiens“ и „North House“.
Потоа, тука е родот „Aedes“, во кој припаѓаат „А. Aegyptiand“ и „А.albopictus“ (комарец наречен азиски тигар). Азискиот тигар е вистински проблем. Пренесува жолта треска и треска „денга“ . Комарците „Aedes“ се хранат во раните утрински часови, како и во самрак и во вечерните часови. Тие, исто така, може да ве гризнат во текот на денот, доколку е облачно. За среќа, тие веројатно нема да влезат во вашиот дом . Преферираат цицачи, луѓето им се омилена таргет-група. Тие се исклучителни летачи.
Еден друг забележлив род се комарците „Anopheles “. Тие се одговорни за преносот на маларија. Во САД, најзастапен е „А.quadrimaculatus“, кој живее во централна и источна Америка, на север дури до јужна Канада.
Но ако имаме комарци „Anopheles“ , тогаш зошто нема маларија? Одговорот, делумно, се должи на климата. Според Ендрју Гитеко, научник од Кенија, кој ја проучува маларијата, таа се појавува само во места каде што просечната температура е над 18C (64.4F). Кога температурата е пониска, комарците умираат пред созревањето на паразитот и на тој начин се спречува преносот. Во Кенија, тој открил маларија во областите каде што се затоплува климата. За среќа, маларијата не е ендемична во САД, како што е во Кенија. Превентивно, треба да се држат под контрола комарците и лицата кои во себе го содржат вирусот.