Видови и симптоми на пневмонија

Пневмонијата претставува доста честа компликација од респираторни инфекции – особено од грипот,  и е предизвикана од бактериска инфекција, а дефинирана според отокот на ткивото на белите дробови на кои им влијае. Оваа болест може да стане сериозна за час, и симптомите може да траат со месеци. Тие може да варираат од благи до опасни по живот, во зависност од видот на пневмонија и возраста на лицето.

Постојат повеќе видови на пневмонија:

  • Бактериска пневмонија: Овој вид на воспаление на белите дробови може да влијае на кој било, на која било возраст, и се развива сам по себе или по некоја сериозна настинка или грип. Бактериската пневмонија најчесто е предизвикана од бактериите „Streptococcus pneumoniae“, „Chlamydophila pneumonia“ и „Legionella pneumophila“. Исто така, може да се развие и пневмонија „Pneumocystis jiroveci“ кај личностите кои имаат слаб имунитет како резултат на болести како што се сидата или ракот.
  • Вирусна пневмонија: Респираторните инфекции може да предизвикаат пневмонија особено кај малите деца и постарите лица. Додека пневмонијата обично не е многу сериозна и трае кратко време, може да доведе до сериозна и фатална вирусна пневмонија. Бремените жени или лицата со проблеми со срцето или белите дробови се изложени на најголем ризик.
  • Микоплазма пневмонија: Организмите кои го предизвикуваат овој вид на пневмонија не се ни вируси ниту бактерии, туку имаат заеднички особини на двете. Тие предизвикуваат благи случаи на пневмонија, особено кај постарите деца и младите.
  • Други видови на пневмонија: Тука се вбројуваат туберколозата и пневмонијата „Pneumocystis carinii“ кои влијаат на лицата со потиснат имунолошки систем.

Симтомите за пневмонија се: болка во градите, треска, сува кашлица, болка во мускулите, мачнина, повраќање, брзо или отежнато дишење, проследено со свирење во градите.

Треба да се укаже итна медицинска помош, доколку се појават симптоми како што се помодреност на кожата, крв во плунката, напор при дишењето, висока температура или брзо чукање на срцето.

pneumonia-quiz-promo

Доколку ги забележите некои од горенаведените симптоми, препорачливо е да се консултирате со доктор. Звукот на крчкање или жубор во градите за време на вдишувањето се индикатори за пневмонија. Кај некои личности пак се јавува и свиреж во градите.

Треба да се направи и  рентген снимка за да се утврди дали инфекцијата е присутна во вашите бели дробови.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.