Виетнам ја чека локацијата за нов нуклеарен реактор

Овој објект ќе биде замена за постоечкиот нуклеарно истражувачки институт во Далат, создаден од страна на САД во 1963 година. За време на Виетнамската војна, реакторот беше исклучен. Во 1984 година, со помош на експерти од Советскиот Сојуз, е реновиран и повторно лансиран. Со капацитет од 500 kW се користи исклучиво за истражувачки цели.
Со оглед дека Далат е туристичко место, локацијата претставува проблем.

Предложени се три можни локации: Округот Лак Дуонг, кој е 35 километри од туристичкиот град, и две индустриски области на околу 50 километри од градот Хо Ши Мин. Се чека одлуката од надлежните органи за да започне изградбата. Постоечкиот реактор ќе биде затворен за 10 години.

Уште од 2012 година, Виетнам планира да изгради нуклеарен реактор, со капацитет триесет пати повисок од сегашниот. Проектот се спроведува во соработка со руската државна корпорација “Росатом” и ќе биде дел од националната програма за развој на нуклеарната енергија во Виетнам. Меѓу другото, програмата вклучува изградба на првата нуклерна централа во земјата, конкретно во провинцијата Нињ Туан. Се очекува до 2031 година да бидат изградени 8 нуклерни централи.

Поддржете ја нашата работа: