Во Египет откриени остатоци од уште една пирамида

Според соопштението од Министерство за антиквитети, археолозите во Египет откриле остатоци од пирамида стара околу 3.700 години, од 13-тата  династија.

An undated handout photo from the Egyptian Ministry of Antiquities showing the remains of a 13th dynasty pyramid at Dahshur (3 April 2017)

Остатоците се откриени северно од „кривата пирамида“ на кралот Снефру, во кралската некропола Дашур, 30 километри јужно од Каиро. Се смета дека оваа пирамида претставува прв обод на старите Египќани да направат пирамида со рамни страни. Тука биле погребувани дворјаните и високите службеници.

Ископувањата се во рана фаза, па големината на пирамидата сѐ уште не е утврдена.

Директорот на службата задолжена за некополата, Адел Окаша изјавил дека  пронајдените  остатоци припаѓаат на внатрешната структура на пирамидата, меѓу кои се и главниот ходник, како и украсени камени блокови.

An undated handout photo from the Egyptian Ministry of Antiquities showing alabaster block engraved with 10 vertical hieroglyphic lines found at Dahshur (3 April 2017)

Поддржете ја нашата работа: