Во Кина откриени скелети од џинови стари 5.000 години (видео)

Кинеските археолози на истокот од земјата откриле човечки скелети стари 5.000 години, кои за времето во кое живееле биле необично високи и силни.

Мерењето на коските во гробовите во провинцијата Шандонг покажале дека  барем еден од овие луѓе бил висок 1,9 метри, додека останатите 1,8 метри и повеќе.

„Ова го тврдиме само врз основа структурата на коските. Доколку би бил жив денеска, висината на овој човек би надминувала 1,9 метри“- вели Фанг Хуи, шеф на школата за историја и култура на Универзитетот Шандонг.

Според скелетите, овие луѓе би биле џинови во споредба со луѓето од  древна Кина.

Експертите веруваат дека нивната висина се должи на „богата и разновидна исхрана“.

„Со веќе развиено земјоделие во тоа време, луѓето имале различни и богати прехрамбени ресурси, што довело до промена на нивната фигура“– вели Фанг.

Од 2016 година археолозите ги истражуваат остатоците од 104 куќи, 205 гробници и 20 жртвени олтари на локалитет во близина на градот Јинан, кој е престолнина на провинцијата Шандонг.

Image result for Jinan

Остатоците се од Лонхгшан културата, цивилизација од доцниот неолит.

Скелетите биле пронајдени во поголеми гробници, веројатно затоа што тие имале висок општествен статус, велат научниците.

Локалитетот на кој се откриени овие „џинови“ се верува дека бил политички, економски и културен центар на северен Шандонг пред 5.000 години.

Просечната висина на денешните жителите од овој крај изнесува 1,75м.

Поддржете ја нашата работа: