За прв пат после 15 години – Алтернатива за вијагра!

Вијаграта буквално им го смени животот на милиони мажи ширум светот кои ги мачи еректилната дисфункција, но оваа мала сина таблета е далеку од перфектна. Вијаграта и сличните лекови делуваат на тој начин што го зголемуваат протокот на крв во пенисот. Но мажите што ги користат мора да го планираат својот сексуален живот за да земат таблета, а тука се и несаканите ефекти, како што се главоболките, вртоглавиците, губиток на слухот и болки во стомакот.

Но, следува добра вест – истражувачите велат дека откриле досега најдобра алтернатива за вијаграта во последните 15 години. Се работи за терапија позната како „ESWT“ (extra-corporeal shock wave therapy). Со други зборови – терапија на пенисот со звучни бранови со низок интензитет.

Според истражувањата од неколку истражувачки центри, кои биле претставени овој месец на Европското друштво за сексуална медицина во Мадрид, Шпанија, ова може да биде долгорочно решение за лицата што не реагираат на традиционалните лекови.

Во едно од истражувањата биле вклучени 112 мажи со еректилна дисфункција. Половина од нив во рок од пет недели примале терапија со звучни бранови на шест точки на нивниот пенис, додека другата половина примила плацебо. Пред почетокот на истражувањето ниеден од мажите не бил во состојба да има нормален сексуален однос без лекови. До крајот на истражувањето 57% од третирани изјавиле дека имале нормален секс, во споредба со само 9% од лицата кои примиле плацебо. И после 12 недели од третманот, 27 % од пациентите можеле да добијат ерекција без лекови.

„Третманот е безбеден, без несакани ефекти и може да се користи кај сите пациенти“, се вели во извштајот од истражувачите објавен во „ Scandinavian Journal of Urology“. Уште една предност е тоа што овој третман, за разлика од вијаграта, им овозможува на мажите со еректилна дифункција да имаат спонтани ерекции.

Според Илан Гренвалд од Медицинскиот центар Рамбам во Хаифа, Израел, се чини дека овој третман го зголемува протокот на крв во пенисот преку поттикнување на раст на нови крвни садови, што со време доведува повторно да се воспостави нормалниот проток на крв во пенисот. Ако се покаже добро, тоа значи дека овој третман може да има догорочни ефекти.

Иако некои клиники во светот веќе го препорачуваат овој третман, во САД сѐ уште треба да биде одобрен, но се очекува тоа да се случи наскоро.

Поддржете ја нашата работа: