Зошто мажите се будат со утринска ерекција

Утринската ерекција се смета за физиолошки феномен, а се случува кај целиот машки род, дури и кај машките бебиња додека се наоѓаат во утробата и машките деца.

Ерекцијата се јавува како резултат на сложена работа на нервниот и ендокриниот систем. Во будна состојба, кога мажот е сексуално возбуден се јавува порака во мозокот и истата се праќа до нервите кои влијаат на крвните садови во пенисот, носејќи до него крв. Крвта тогаш е “заробена” во пенисот, и тогаш тој се шири и расте, што резултира ерекција.

Ноќните ерекции се јавуваат во текот на РЕМ фазата во која мажите сонуваат. Тие се јавуваат кога се активирани одредени делови на мозокот кои влијаат на работата на нервите за одмор, акција, страв, поттикнати од хормонот одговорен за расположение.

Оваа појава е можна само во текот на РЕМ фазата, од која обично се будиме, и затоа мажите се будат со ерекција. Можно е да се доживее ерекција и во НРЕМ фазата, но тоа обично се јавува кај постари мажи, а причината за тоа се’ уште не е јасна.

Бидејќи постојат неколку фази во текот на сонот, мажите можат да имаат и до пет ерекции во една ноќ, кои можат да траат 20 до 30 минути. Но сето тоа зависи од квалитетот на сонот. Со годините, утринските ерекции се намалуваат постепено.

Зошто се случува ова?

Утринската ерекција е поврзана со полниот мочен меур. Некои научници веруваат дека тоа е сигнал на мозокот во сонот за полн мочен меур кој треба да се испразни, но денес експертите се склони кон мислење дека полниот мочен меур ги стимулира нервите кои водат кон ‘рбетот, а тоа директно влијае на ерекцијата. Не е познато дека утринските ерекции имаат врска со здравјето на пенисот.

Кога треба да се загрижиме?

Појавата на некои болести може да влијае на отсуство на овој тип на ерекција, на пример, депресија и појава на дијабетес.

 

Поддржете ја нашата работа: