За прв пат – снимено породување на морско коњче во природата

Двајца истражувачи од Универзитетот во Британска Колумбија, Канада кои нуркале во близина на заливот Нелсон, северно од Сиднеј, Австралија, успеале да го снимат породувањето на едно морско коњче.

„Ова е прв пат да се сними породување на морско коњче во природата“, велат тие.

Морското коњче е идентификувано како „Hippocampus whitei“ и често може да се забележи во водите во близина на Сиднеј, како и покрај југо-источниот и југо-западниот брег на Австралија.

Морските коњчиња се парат околу 6 месеци во годината, од октомври до март, и притоа мажјаците раѓаат повеќепати (познато е дека мажјаците се оние кои забременуваат) и тоа од неколку десетици до илјада целосно формирани бебиња, од кои за жал само 0,5% ќе преживеат.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.