Забележана Аурора надвор од нашиот Сончев систем

Тие велат дека блескавиот сјај наликува на поларна светлина, меѓутоа е до еден милион пати посветол и има повеќе црвена боја, отколку зелена.

Наодите се објавени во списанието „ Nature“.

Д-р Стјуард Лидлфер, астроном од Универзитетот во Шефилд вели дека за прв пат се сигурни во постоењето на Аурора на кафеавото џуџе.

Треперливите  Аурори се едни од најблескавите прикази на Земјата. Исто така, може да се појават низ сите планети во нашиот Сончев систем.

На Земјата, зелената боја е резултат на интеракцијата помеѓу наелектризираните честички на Сонцето со кислородот во атмосферата. Аурората на кафеавото џуџе е црвена бидејќи наелектризираните честички се во интеракција, главно со водородот во атмосферата.

Сепак, научниците се збунети за настанокот на ова светлосно шоу, затоа што кафеавото џуџе се наоѓа надвор од Сончевиот систем. Можно е кафеавото џуџе да произведува сопствени електрони на површината. Друга опција е дека се’ уште неоткриена планета или месечина околу џуџето исфрла материја и го осветлува.

Некои од Аурорите на Јупитер се произведени на овој начин, односно наелектризирани честички се емитираат од вулкани на месечината Ио.

Ова откритие им помага на научниците подобро да ги разберат кафеавите џуџиња. Долго време постои дебата околу тоа дали тие се налик поголема ѕвезда или имаат планетарни атрибути.

Веќе е познато дека кафеавите џуџиња имаат облаци во атмосферата. Сега знаеме дека тие исто така покажуваат поларни светлини- аурори. Тоа е уште една причина за кафеави џуџиња да се разгледуваат како намалена верзија на планета“- вели Лидлфер.

Поддржете ја нашата работа: