Забележана џиновска бела ајкула покрај брегот на Австралија

Екипажот од еден хеликоптер кој прелетувал над Јужна Австралија објави фотографии од џиновска бела ајкула забележана на само околу 100 метри од брегот, од местото наречено „Marino Rocks“. Фотографиите станаа вирални откако фотографите проценија дека ајкулата е долга приближно 7 метри, што е многу, со оглед на фактот дека најголемата бела ајкула во историјата изнесувала 6,4 метри.

3046D6A900000578-3404180-image-a-23_1453081287254

Хеликоптерот ја следел ајкулата до подлабоките води, се додека не исчезнала во длабочините. Очигледно е дека се работи за голема ајкула, но не може со сигурност да се потврди нејзината големина само од фотографиите.

greatwhiteshark1801

Иако не постојат веродостојни научни докази дека овие ајкули можат да растат повеќе од 6 метри, научниците велат дека тоа не е невозможно, со оглед на тоа дека постојат многу анегдотски докази за големи бели ајкули со таа големина.

3045DC2000000578-3404180-image-a-2_1453075808390

Големите бели ајкули растат и созреваат многу бавно. Се проценува дека на мажјаците им се потребни 26 години за да достигнат сексуална зрелост и должина од околу 4 метри. Потоа, нивниот раст се забавува, но не престанува, што значи дека може да продолжат да растат уште многу долго време.

Поддржете ја нашата работа: