Забележана „залутана“ црна дупка

Се смета дека во центарот на секоја галаксија во Универзуот е сместена супермасивна црна дупка.

Една „залутана“ црна дупка, со маса 100.000 пати поголема од Сонцето е забележена на периферијата на една галаксија која се наоѓа на оддалеченост од 4,5 милијарди светлосни години од Земјата.

Астрономите се сомневаат дека таа била лоцирана во центарот на помала галаксија, но дека била изместена при судир со поголема. Со ова откритие се потврдува долгогодишната теорија за постоење на залутани црни дупки.

Црните дупки – објекти со толку интензивна гравитација што ништо не може да избега од нив, па дури ни светлината, можат да бидат со различна големина. Според астрономите, во центрите на повеќето галаксии се наоѓаат супермасивните црни дупки (кои имаат 100.000 до 10 милијарди поголема маса од Сонцето) и црни дупки со просечна маса (кои имаат до 100.000 пати поголема маса од Сонцето). Но, тие можат да бидат „исфрлени“ од нивната позиција после судир и спојување со друга галаксија која содржи масивна црна дупка, при што се создава „залутана“ црна дупка.

Според едно истражување направено од истражувачите од Универзитетот во Њу Хемпшир, објавено во „The Astrophysical Journal“, една ваква „залутана“ црна дупка е откриена на периферијата на леќастата галаксија „SDSS J141711.07+522540.8“, оддалечена 4,5 милијарди светлосни години од Земјата.

black-hole-andering_1024

Црните дупки не можат да се видат, но астрономите ги забележуваат според штетата што ја предизвикуваат во своето опкружување.

Во овој случај, ѕвездата се приближила многу биску до црната дупка – која е именувана како „XJ1417+52“ и била целосно деструирана. При оваа средба се ослободило огромно количество од Х-зраци, кои биле регистрирани од опсерваториите „Chandra X-ray“ и „ESA’s XMM-Newton X-ray“ на НАСА.

Неколку слични црни дупки и претходно биле забележани од страна на астрономите, но никогаш со толку големи размери. Податоците покажале дека „XJ1417+52“ е околу 10 пати посветла од најсветлиот извор на Х-зраци кој е забележен од залутана црна дупка.

Според екстремната осветленост објектот се класифицира како „хипер-светлечки извор на Х-зраци“ и има маса 100.000 пати поголема од нашето Сонце.

Истражувачите сметаат дека е можно црната дупка да и припаѓала на помала галаксија, која удрила во „GJ1417+52“, при што се уништиле повеќето од ѕвездите на галаксијата, оставајќи ја зад себе црната дупка и околните ѕвезди во центарот на галаксијата.

Поддржете ја нашата работа: