Зачекорете на вселенската станица преку 360 Видео

Убавината на вселената едноставно е многу тешко да се доживее преку обична фотографија или видео, меѓутоа сега благодарение на виртуелната реалност можеме барем на кратко да се почуствуваме дека сме во телото на еден од астронаутите кои секојдневно уживаат во прекрасните глетки од вселената.

Во петокот  Russia Today објави дека за прв пат светот ќе може преку нивниот Space 360 проект да ги види  спектакуларните снимки снимени од ниската орбита со помош на рускиот космонаут Андреј Борисенко кој претстојува на меѓународна вселенска станица

„За прв пат во историјата снимаме панорамски видеа од самата меѓународна вселенска станица. Ова значи дека се што гледаме ние ќе можете да го видите и вие меѓутоа низ сопствените очи, т.е. ќе можете барем за момент да се почувствувате како вистински астронаути “ изјави Андреј Борисенко

 

Поддржете ја нашата работа: