Загадувањето на воздухот убива милиони во Кина

Како главни причини за смрт кои се поврзани со загадувањето се наведуваат срцевите и мозочните удари, ракот на белите дробови и астмата.

Истражувачите откриле дека речиси 40 проценти од граѓаните во Кина редовно се изложени на воздух кој според американските и европските стандарди се смета за загаден. Највисоките концентрации на загаден воздух се забележани во околината на Пекинг, Шиѓаџуанг и Тангшан во североисточна Кина.

Седум од десетте градови со најзагаден воздух се наоѓаат во Кина.

Интересно, истражувањето открива дека голем дел од загадувањето на воздухот во Пекинг потекнува од другите индустриски области. Ваквото загадување кое не е од локален карактер може да го „отежне“ подобрувањето на квалитетот на воздухот до Олимпијадата во 2022 година.

„Загадувањето на воздухот претставува најголемата еколошка катастрофа во светот денеска“ – вели директорот на „Berkeley Earth“ и коавтор на студијата Ричард Милер во новиот извештај. „Кога последен пат бев во Пекинг, нивото на загаденост беше на ниво на опасност и секој час изложеност го скратува животниот век за 20 минути. Тоа е како секој маж, жена и дете да пуши по 1,5 цигари секој час“.

Истражувањето ќе биде објавено во следното издание на списанието „PLOS One“.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.