Бунарот на Јаков (Jacob’s Well) е најголемата подводна пештера во Тексас, САД, во која од некои мистериозни причини извира вода во последните илјада години.
Со текот на времето, ова место стана омилена летна дестинација за многу локални жители и туристи и покрај фактот што оваа јама има однесено многу животи досега.
Поради тоа, Бунарот на Јаков ја носи титулата „најопасното место за нуркање во Тексас“.
Денес, многу од локалното население, како и туристи, доаѓаат да пливаат на површината, но тие што ќе решат да се нурнат во внатрешноста ги очекуваат многу изненадувања.
Во длабочините на овој амбис се кријат многу пештери со различна длабочина. Првата започнува со длабочина од околу 11 метри и продолжува во друга, длабока околу 17 метри. Ова претставува навистина извонредна глетка.
Во поголемите длабочини, водата од бунарот се протега до природниот извор „Cypress Creek“, но тоа е и најопасната пештера за поминување.
Па, би скокнале ли во вакво нешто?