Запознајте го најслаткиот октопод на светот

Најслаткиот мал октопод на светот изгледа вака. Познат е по специфичните кожички помеѓу пипците кои му овозможуваат да плови како падобран, а управува со помош на перките. Припаѓа на родот „Opisthoteuthis“ (што е всушност истиот род како Перл – розевиот октопод од цртанот „Барајќи го Немо“).

Примероци од овој нов вид на октопод се собрани уште од 1990 година, но досега не беа научно идентификувани. Научниците треба прво целосно да го проучат, одвнатре и однадвор, за да утврдат по што се разликува од останатите. Потоа, по идентификувањето, треба да му дадат име, и да го објават целосното истражување во некое научно списание.

Таа задача и припадна на Стефани Буш, истражувач во океанографскиот истражувачки центар во Калифорнија. Таа, заедно со својот тим, размислува за името „Opisthoteuthis Adorabilis“ поради тоа што е навистина сладок (од анг. “adorable“ што значи сладок, симпатичен).

Поддржете ја нашата работа: