Запознајте го новиот кинески споменик

Кина претстави споменик со епски размери, кој можеби е најголемиот споменик на сите времиња.

Споменикот е висок 58 метри и го претставува древниот кинески „бог на војната“ Гуан Ју. Поставен е на пиедестал со големина од 10 метри, направен во облик на воен брод, а во рацете држи хелебарда, оружје познато како “Полумесечеста секира Зелен змеј“.

2

Статуата тешка 1.320 тони се наоѓа во градот Јингжу во провинцијата Хубеи. Само секирата тежи 136 тони, а според  „Shanghaiist“, статуата е прицврстена со 4.000 делови од бронза. Во внатрешноста на пиедесталот сместен е музеј посветен на големиот воин.

3

Гуан Ју бил генерал кој живеел во третиот век п.н.е. во периодот на Трите кралства. Му служел на господарот на војната Лиу Беи и одиграл значајна улога во граѓанската војна која довела до распад на династијата Хан. Голем дел од она што денеска се знае за овој голем воин е обвиткано со мит. Тој не само што е еден од ликовите од романот на Луо Гуанжонг “Романсата на Трите кралства“ – едно од најпознатите дела од кинеската литература, туку  и денеска  е обожуван од многу секти на конфучијанизмот, таоизмот и кинескиот будизам. Познат по својата лојалност и праведност,  Гуан Ју, односно неговите статуи можат да се видат низ цела Кина, но ниедна  ни приближно не може да се мери со оваа во Јингжу.

4

Извор: „CCTV News China“.

 

Поддржете ја нашата работа: