Запознајте го „Pillo“ – роботот што се грижи за вашите лекарства

Во денешно време, скоро секој од нас пие некакви апчиња – за одредена болест, за алергии или пак едноставно витамини или суплементи за подобро здравје. Следењето на редоследот и времето во кое треба да се испијат апчињата понекогаш е навистина напорно, но наскоро ќе го имаме роботот „Pillo“ кој ќе го прави тоа наместо нас.

„Pillo“ е личен домашен робот одговорен за здравјето. Тој всушност е одговорен за да ви го даде апчето, заедно со медицински совет.

„Pillo“  може да препознава различни лица во рамките на едно домаќинство со помош на програма за препознавање на лицата и потоа да им го даде соодветното апче во соодветното време. Исто така може да се поврзе со професионален здравствен работник, како и со паметен телефон или таблет, може да ве потсетува, како и да одговара на вашите прашања поврзани со здравјето.

https://www.youtube.com/watch?v=QjJ_GffiNEE

Ваквиот робот се разбира дека не е евтин. Се очекува да чини околу 540 евра, но ако ја поддржите кампањата на „Indiegogo“ може предвреме да си го порачате за околу 240 евра, со доплата за испорака (а се испорачува низ целиот свет). Но, за жал, ќе треба да чекате до 2017 година за да го добиете.

Доколку овој проект е целосно финансиран, тимот планира да ја зголеми неговата функционалност. Тие планираат во иднина да додадат и бројач на калории, техники за контролирање на нивото на стрес, мониторирање на бебињата, дигитални извештаи за здравјето, како и табела за здрава исхрана.

https://www.youtube.com/watch?v=QjJ_GffiNEE

Поддржете ја нашата работа: