Сибирскиот еднорог е вистинско древно животно кое живеело на Земјата

Еднорозите се вистински. Или барем некогаш биле вистински.

Рамнините во јужна Русија, Централна Азија и Источна Европа, некогаш биле дом на Elasmotherium sibiricum, вид на древен носорог попознат како сибирски еднорог од разбирливи причини.

Оние кои го знаеле овој податок долго време веруваа дека ова животно исчезнало пред 200 000 или 100 000 години, сепак, новото истражување сугерира дека последен пат стапнало на Земјата пред 39 000 години, што значи дека е можно современите луѓе да имале контакт со него.

Како што пишува во соопштението, објавено во Nature Ecology & Evolution, научниците од Природонаучниот музеј во Лондон неодамна спровеле ново истражување каде изолирале ДНК од праисторискиот носорог, а резултатите покажуваат дека се поделиле од модерната група носорози пред околу 43 милиони години.

“Изумирањето на носорози не била честа појава пред 40 000 години како денес. Истите се многу пребирливи кон исхраната и природните живеалишта, што е причина за опасност од истребување денес”, вели лидерот на студијата, професор Адриан Листер.

Главна исхрана на ова животно била сувата трева, затоа се смета дека неговата пребирливост е главен причинител за неговото истребување.

Стотици големи видови цицачи исчезнале по последното ледено доба, поради климатските промени, губењето на вегетацијата и човечкиот лов, чиј податок важи и за сибирскиот еднорог.

 

Поддржете ја нашата работа: