Застрашувачките ефекти на отровот од змиите

Можеби ќе се изненадите од фактот дека 85% од змиите во светот не се отровни. Всушност, од 2.700 познати видови на змии само 30 претставуваат закана за човекот. Но, со оглед на штетата која може да ја предизвикаат тие 30, не е ни чудо што сите змии имаат толку лоша репутација.

Да ја земеме за пример „Daboia russelii“ – вид на шарка која е распространета низ Индија и околните земји и секоја година е одговорна за смртта на илјадници луѓе. Иако постои ефикасен противотров, широко распространетата сиромаштија, како и фактот дека повеќето каснувања се случуваат во рурални средини придонесуваат за жртвите да не можат навремено да го примат.

Веднаш по каснувањето се јавува болка на местото, а по неколку минути се појавува крв во устата и се намалува крвниот притисок. Кај една третина од нетретираните случаи доаѓа до дисеминирана интраваскуларна коагулација односно згрутчување на крвта, што предизвикува откажување на бубрезите и другите органи и на крајот резултира со смрт.

Погледнете што се случува кога само една капка од овој отров ќе дојде во контакт со човекова крв.

Поддржете ја нашата работа: