Зелени салати за остар ум

Нешто толку едноставно како додавањето на зелен лиснат зеленчук како спанаќ, кељ и сл. во исхраната, може да помогне да го намалите падот на когнитивните способности – покажуваат резултатите од едно истражување.

Во истражувањето се опфатени и хранливите состојки кои се одговорни за овој ефект и за прв пат се поврзува конзумирањето на витаминот К со успорувањето на падот на когнитивните способности.

Истражувачите ги собрале податоците од 954 постари лица кои учествувале во проектот „Меморија и стареење“ кој имал за цел да ги идентификува факторите кои се поврзани со одржувањето на когнитивното здравје.

На почетокот на истражувањето учесниците, чија просечна старост била 81 година, пополниле детален прашалник од 144 прашања за дневниот внес на храна и пијалоци. Истражувачите ги пресметале вкупните дневни хранливи материи преку комбинација на хранливите материи што се содржат во секоја конзумирана храна со бројот на порции изедени секој ден. Тие ги следеле учесниците од 2 до 10 години. Проценката на нивните когнитивни способности била вршена годишно, преку 19 сеопфатни тестови, кои биле прилагодени за возраста, полот, образованието, генетскиот ризик од Алцхајмерова болест на лицето и физичката активност, за да се оценат ефектите од исхраната врз когнитивниот пад.

Лицата кои јаделе една до две порции зелен лиснат зеленчук дневно имале когнитивни способности на лице 11 години помладо од оние кои не конзумирале ниедна.

Кога истражувачите ги испитале поединечните хранливи состојки кои се поврзани со успорувањето на когнитивниот пад, откриле дека витаминот К, лутеинит, фолатите и бета-каротенот, најверојатно се тие кои му помагаат на мозокот да остане здрав.

„Губењето на меморијата или когнитивната способност е една од најголемите стравови на луѓето во текот на стареењето. Бидејќи падот на когнитивната способност е главен кај Алцхајмеровата болест и деменцијата, зголемената конзумација на зелен лиснат зеленчук може да биде многу едноставен, достапен и неинвазивен начин за потенцијална заштита на мозокот од овие болести. Досега во ниедно истражување не е разгледуван витаминот К во врска со когнитивниот пад, додека ограничен број на истражувања покажале некаква поврзаност на лутеинот“ -велат истражувачите.

Покрај зелениот лиснат зеленчук, други добри извори на витамин К, лутеин, фолати и бета-каротен се овошјето и зеленчукот со светла боја.

Истражувањето е презентирано од страна на Марта Клер Морис, проректор за истражување во Истражувачкиот медицински центар Раш и водач на истражувачкиот тим, на минатогодишниот состанок на Американското друштво за исхрана, за време на „Експериментална Биологија 2015“.

Поддржете ја нашата работа: