Жените треба да спијат повеќе од мажите

Според науката, на жените им е потребно 20 минути подолг сон отколку на просечните мажи, поради тоа што мозокот на жените е постојано зафатен и извршува повеќе задачи истовремено.

Една од главните функции на спиењето е можноста мозокот самиот да се опорави. За време на спиењето, кортексот се ослободува од сетилата и се наоѓа во состојба на опоравување. Колку повеќе го користите мозокот во текот на денот, толку повеќе ќе треба да се опорави, што значи дека ќе ви биде потребен подолг сон, објаснува професорот Џим Хорн, еден од водечките експерти за спиењето во Велика Британија.

Жените имаат тенденција да извршуваат повеќе работи одеднаш (популарно кажано „мултитаскинг“), што значи дека го користат мозокот повеќе од мажите и затоа им е потребно повеќе да спијат. Во оваа смисла, мозокот на жените е посложен и затоа му е потребно повеќе време за да се релаксира и опорави во текот на ноќта. Но, исто така и мажите кои имаат сложена работа, која вклучува постојано размислување и донесување на одлуки, може да имаат потреба од повеќе спиење, во споредба со просечните мажи.

Покрај тоа, едно друго истражување кое вклучувало 210 средновечни мажи и жени покажало дека жените имаат поголеми здравствени проблеми, како последица на недостаток на сон, кои вклучуваат високо ниво на психолошки стрес и чувство на непријателство, депресија и лутина.

Научниците препорачуваат просечно спиење од 6 до 8 часа, но сепак индивидуалните потреби се различни. Важно е да се наспиете доволно за вашиот мозок да се опорави и да можете нормално да функционирате во текот на денот.

Поддржете ја нашата работа: