Со оглед дека во моментов се соочуваме со температури под нулата, како и снег, следуваат неколку совети за олеснување на секојдневното функционирање.
Совети за безбедност при расчистување на снег
- Исчистете ги патеките околу домот од снег и мраз. Расчистувањето на снегот може да предизвика сериозни повреди или смрт на луѓето кои се постари, имаат хронични здравствени проблеми, или не се навикнати на напорни физички активности. Ако се наоѓате во некоја од овие категории, можеби попаметно е да користите вентилатор за снег или да ги ангажирате надлежните служби.
- Ако одберете сами да ја завршите работата, не заборавајте дека вашето тело побрзо се исцрпува поради студот. Не се преовтоварувајте и правете паузи. Исцрпеноста го прави телото поподложно на повреди предизвикани од студ.
- Носете цврсти обувки со ѓонови кои не се лизгаат.
- Никогаш не пушете додека расчистувате. Чадот од тутунот ги стеснува крвните садови, исто и студениот воздух. Комбинацијата може да биде опасна.
- Доколку почувствувате болка или стегање во градите, вртоглавица, несвестица прекумерно потење, запрете и повикајте помош.
- Користете здрава, лесна лопата. Земајте по мали количини снег. Лопата полна со сув снег може да тежи околу околу 7 кг, а со влажен снег значително повеќе. Загрејте ги мускулите неколку минути пред работата. Така се намалува веројатноста од повреда и мускулите поефикасно работат.
Движење
Зимата е непредвидлива. Снегот, лапавицата и заледените патишта, како и пешачки патеки не само што го отежнуваат движењето, туку се и реална опасност.
- Чекорете бавно.
- Чувајте сол, песок и лопата на располагање. Солта е хемиско соединение за одмрзнување што го намалува ризикот од лизгање.
- Носете соодветна облека и чевли.
- Побарајте помош при движење.
Хипотермија
Кога телото е изложено на ниски температури, почнува да губи топлина побрзо отколку што произведува. Подолгото изложување на студ, на крајот ќе ја искористи складирана енергија на вашето тело. Резултатот е хипотермија или невообичаено ниска телесна температура. Премногу ниската температура влијае на мозокот, со што жртвата не може јасно да размислува и да се движи.
Знаци на хипотермија
- Конфузија или губење на меморијата
- Поспаност
- Забавен, нејасен говор или плитко дишење
- Слаб пулс или низок крвен притисок
- Исцрпеност
- Промена во однесувањето или изгледот на студено време
- Силна треска
- Вкочанетост во рацете или нозете
- Неквалитетна контрола врз движењата на телото или бавни реакции
Кој е изложен на ризик од хипотермија?
Доенчиња помлади од една година возраст. Децата губат топлина побрзо отколку возрасните поради количината на мастите во телото.
Луѓе со сериозни ментални болести, развојни или когнитивни пречки . Некои лекови може да го зголеми ризикот од хипотермија, како што се лековите кои се користат за лекување на анксиозност, депресија, или гадење.
Ризични групи за хипотермија се и лицата со нарушување на хормонолниот систем, како што е хипотироидизам, состојби кои влијаат на нормалниот проток на крв, како што е дијабетисот. Псоријазата го зголемува губењето на топлината.
Алкохолните пијалоци, исто така, придонесуваат за опаѓање на телесната температура.
Смрзнатост
Смрзнатоста е најчеста повреда поврзана со студ. Претставува повреда на телото предизвикана од замрзнување на ткивото на кожата. Смрзнатоста предизвикува да не ја чувствуваме погодената област, како и губење на бојата на истата. Најчесто погодени се носот, ушите, образите, брадата, прстите на раце и нозете. Може трајно да го оштети телото и во тешки случаи може да доведе до ампутација. Ризикот од смрзнатини е зголемен кај луѓето со намалена циркулацијата на крвта,како и кај оние кои пијат алкохолни пијалоци, постарите лица и лицата кои не се облечени соодветно за екстремно ниски температури.
Првите знаци на замрзнатост се промена на бојата на погодениот дел од телото и вкочанетост.
Труење со јаглерод моноксид и превенција од пожари
Како што станува студено, луѓето бараат начин за да си ги намалат трошоците со оглед на економската ситуација, па користат алтернативни извори на греење, како на пр. преносни грејачи, камини и печки на дрво. Смртните случаи од пожар и труење со јаглерод моноксид се зголемуваат со користењето на алтернативни извори на греење.
Зимата носи многу опасности и здравствени ризици. Внимавајте!