Зошто луѓето немаат коска во пенисот ?

Долга колку еден прст кај мајмуните или 60 см кај моржот? Се работи за еволутивно чудо на коската од пенисот (walrus baculum), која постојано ги збунува научниците околу прашањето зошто недостасува кај луѓето.

Иако некогаш луѓето имале коска во пенисот, денес тие и коњите се единствени претставници на цицачите кои се лишени од тоа. Со оглед на тоа што коската се појавува кај цицачите во разни големини, наречена е најразновидна коска на светот.

Истата оваа коска и човекот не одат заедно во една реченица, бидејќи еволуцијата се погрижила да ја стави во историјата. На сите ни е јасно дека таа веќе не постои, но прашање е како постепено дошло до ваквата загуба?

Охрабрени од споменатите разлики во должината на коските во пенисот кај животните, научниците од универзитетите во Лондон одлучија да се реконструира еволутивната приказна за оваа коска.

Откриено е дека коската пред 95 милиони години еволуирала кај цицачите, и дека била присутна кај првите примати пред околу 50 милиони години. Низ годините коската во пенисот кај некои животни станувала поголема, а кај други помала.

На пример макаки мајмунот сведочи за долга коска во пенисот во сооднос со неговата вкупна тежина. Овој мајмун тежи околу 10 кг. Должината на коската кај овој вид е до 5см, што е значително поголема од коската кај мангабеј мајмунот кој е помалку супериорен во големина.

Лидерот на студијата, Кит Опи тврди дека коската на пенисот е подолга кај видовите кај коишто доаѓа до продолжена пенетрација. Тоа значи дека пенетрацијата која трае подолго од 3 минути, претставува стратегија за бркање на конкуренцијата од женките кои се оплодуваат.

Коската се потпира на врвот на органот, а не на коренот, па обезбедува структурална поддршка за подолга пенетрација.

2056Кај шимпанзото, кратката коска одговара, затоа што самиот чин трае неколку секунди. Кај нив женката се пари со сите мажјаци, бидејќи постарите високи членови не сакаат да го убијат потомството мислејќи дека е нивно.

Исчезнувањето на коската кај луѓето е поврзана со промените во сексуалното однесување. Порано тие се репродуцирле на друг начин, и со друг модел на однесување кон сексуалните партнери.

Со намалувањето на бројот на партнери, како последица на тоа што моногамијата станала доминантна, постепено исчезнувал стравот од конкуренција, а со тоа и потребата за долгорочна врска.

Од друга страна, од Универзитетот во Стенфорд тврдат дека губењето на коскената маса со текот на времето довело до помало иритирање и чувствителност во текот на сексуалниот однос, а со тоа и поинтензивно поврзување на паровите и грижата за потомството.

Поддржете ја нашата работа: