Зошто марихуаната предизвикува глад? Или со други зборови, незаситна глад – храната се претвора во апсолутен приоритет, а вие едноставно не можете да престанете да јадете. Смислувате чудни и прекрасни (и во нормален ден незамисливи) креации и рецепти за да ги задоволите вашите специфични потреби, нешто како бремена жена.
Значи, зошто се случува ова? Што е тоа во марихуаната што ги претвора луѓето во буре без дно?
Науката вели дека овој физиолошки процес не е воопшто едноставен – наместо ослободување на хормони кои го стимулираат гладот, канабиноидите, всушност, се плеткаат со хормони кои го регулираат апетитот, што резултира со потиснување на гладот. Но, тука се јавува ендорфинот и го стимулира апетитот. Очигледно има многу забуни во системот, но крајниот резултат е потреба од храна. Било каква!
Оваа појава им е добро позната на научниците кои ги истражуваат својствата и ефектите на канабоидите и на оваа основа се креирани и неколку синтетички лекови кои ги користат сличните механизми за да предизвикаат вакво дејство.
Ова особено наоѓа примена кај пациентите заболени од тешки болести како рак и леукемија, кај кои болеста предизвикува нагло губење на апетитот и доведува до кахексија – состојба при која се забележува нагло губење на тежина, атрофирање на мускулите, замор и изнемоштеност.
Кахексијата е состојба која се јавува кај преку 60% од пациентите заболени од рак, но исто така е појава која се јавува и кај пациентите заболени од СИДА, ХОП, Туберколоза и некои други болести.
За подетални информации погледнете го ова интересно анимирано објаснување.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























